Хју Џекмен длабоко разочаран: Ја обвинува поранешната сопруга за сè

Наводната реакција на Хју Џекмен се појави во медиумите откако неговата поранешна сопруга Дебора Ли Фернес објави изјава во која инсинуираше дека тој ја изневерил.

Дебора Ли ја напиша изјавата, а сега извор ги открива деталите.

„ Хју Џекмен беше крајно разочаран кога прочита што кажа неговата поранешна девојка“, открил извор за Дејли Меил.

„Немаше официјална забрана да не се зборува за тоа, но имаше премолчено разбирање дека нема да биде оцрнет во медиумите.“ Изворот додава дека Фернес го „заобиколила“ тој договор и дека Хју „попуштил“ на сите нејзини барања во разводот.

„Тој се согласи со сите нејзини услови“

„Таа го избегна договорот со тоа што не го именуваше, наместо тоа фокусирајќи се на сопствените чувства. Хју знае дека повеќе не може ништо да промени и му е жал што Деб се чувствува така, особено откако се согласи со сите нејзини услови“, вели тој.

Фернес го објави ова на 28 мај, неколку дена откако официјално поднесе барање за развод во Њујорк, две години откако објавија дека се разделуваат.

„Моето срце и сочувство се со сите што поминале низ трауматското патување на предавството“, започна таа.

„Тоа е рана што длабоко сече, но јас верувам во повисока сила и дека Бог, универзумот, како и да го наречете вашето водство, секогаш работат за нас.“

„Ништо од ова не е лично“

Таа, исто така, се осврна на нејзиниот 27-годишен брак со Џекмен.

„Тоа убедување ме водеше низ распадот на речиси триесетгодишен брак. Стекнав многу знаење и мудрост. Дури и кога се соочуваме со очигледни неволји, тоа нè води кон нашето најголемо добро, нашата вистинска цел. Може да боли, но на долг рок, враќањето кон себе и живеењето во согласност со сопствениот интегритет, вредности и граници носи ослободување и слобода.“

Фернес додаде дека „ништо од ова не е лично“ и продолжи:

„Сите сме на свои патувања и верувам дека врските во нашите животи не се случајни. Ги привлекуваме луѓето и ги пуштаме во нашите животи за да научиме лекции и да препознаеме и излечиме скршени делови од себе… Останувам благодарна“, заклучи таа.