Царинска управа: Запленет е специјализиран компјутер за ископ на криптовалути

Царинската управа во својот извештај за минатата недела посочува дека на граничната точка „Блаце“ е запленет специјализиран компјутер за „ископ на криптовалути“.

Специјализираната компјутерска опрема наменета за „ископ на криптовалути“ е запленета по контрола на автомобил кој влегувал во државата преку граничниот пункт Блаце“, се вели во соопштението на Царината.

Од Царинската управа велат и дека на граничниот пункт „Табановце“ е спречен шверц на 26 белгиски канаринци.

„На влез од државата, на граничниот премин „Табановце“, мобилната екипа при контрола на автобусот откри 26 белгиски канаринци и 4 вреќи храна за живина. Истите, без дозвола и соодветни документи, државјанин на Македонија кој патувал во автобус сакал илегално да ги донесе во земјава“, се наведува меѓу другото во соопштението на Царинската управа.