Цвекло – идеална храна за зимскиот период

Цвеклото е еден од најздравите зеленчуци кои постојат на оваа наша земја.
За неговите благодати се знаело уште од порано и токму поради многубројните здравствени придобивки, цвеклото е неизоставен дел од исхраната на многу луѓе. На прво место е бојата, карактеристичната црвена боја која ја нема ниту еден друг плод. Бојата е резултат на билниот пигмент антоцијани, многу моќен антиоксиданс кој го спречува ширењето на туморите и го потпомага обновувањето на крвните клетки.

Јодот е на второ место во листата на корисни супстанции кои ги поседува цвеклото. Благодарение на големите количини јод, цвеклото одлично се спротивставува на артериосклерозата и го забавува процесот на стареење на организмот.

Благодарение на соединенијата бетадин и бетаин, овој зеленчук се наоѓа на самиот пиедестал и во вистинска смисла на зборот е незаменлив.

Токму тие соединенија ја помагаат размената на материите, го регулираат крвниот притисок, го намалуваат нивото на холестерол во крвта, ги одржуваат исправни крвните садови, ја стимулираат работата на џигерот, жолчката и желудникот. Најдобриот природен лек кој успешно помага во лекување на анемија е токму цвеклото благодарение на кобалтот, кој помага во создавање на витаминот Б12 кој од друга страна е неопходен за создавање на црвените крвни зрнца во крвта.

Цвеклото превентивно делува против вирусни воспаленија, настинки и грип, а докажано е и дека во голема мера ја намалува маснотијата во крвта.