Цвекло – кралица на здравјето на црниот дроб и артериите: Еве во која форма е најздраво

Во изминатите десет години, благодарение на многу истражувања, цвеклото го достигна статусот на суперхрана, а неговата најздрава форма е сокот од цвекло – нешто што ќе го најдете во секој план за исхрана.

Докажано е дека сокот од цвекло има висока хранлива вредност, ја поддржува функцијата на црниот дроб и е добар за слабеење. Овој сок нема многу калории и речиси и да нема маснотии, па нутриционистите сметаат дека е одлична опција за утринско смути. Ќе ви обезбеди хранливи материи и енергија за да го започнете денот.

Истражувачите откриле дека луѓето кои пијат една чаша сок од цвекло дневно го намалуваат систолниот и дијастолниот крвен притисок. Се смета дека причината се нитратите, соединенија во сокот од цвекло кои се претвораат во азотен оксид во крвта и помагаат во проширување и опуштање на крвните садови.

Каков вкус има сокот од цвекло?

Иако многу луѓе не го сакаат или имаат аверзија кон вкусот на цвекло, тоа не значи дека овој сок не може да стане еден од вашите омилени пијалоци. Ако не ви се допаѓа, обидете се да додадете неколку парчиња јаболко, малку ѓумбир, цитрус или морков за да го покриете типичниот вкус на земјена репка.

Рецепт за сок од репка:

  • 2 мали цвеклa
  • 4 моркови
  • парче ѓумбир
  • 1 портокал
  • 2 зелени јаболка

Подготовка:

Цвеклото измијте го, добро исчистете го и исечете го на парчиња, па ставете го во соковник. Потоа додадете морков, ѓумбир, портокал, па јаболко – по тој редослед. Добиениот сок процедете го. Ако сакате, можете да додадете и цимет.

Забелешка: Изберете цвекло што е убаво и цврсто за да обезбеди свежина. Зеленото јаболко секогаш му дава убав вкус на овој сок и има понизок гликемиски индекс од другите видови јаболка. Цвеклото содржи многу шеќер и е нискокалорично (45 kcal на 100 g корен). Шеќерот од цвекло многу лесно се апсорбира од телото, а дава сила и енергија. Луѓето кои следат намалена диета може да ја јадат сирова без страв. Ќе им ја обезбеди потребната енергија, а високата концентрација на влакна што ги има ќе го олесни празнењето на цревата.