Цвет којшто едноставно не може да се уништи: Се шири како плевел, поднесува жештина, а колку помалку го наводнувате, повеќе цвета
Доколку овој цвет го посеете денес, за еден месец ќе имате полна градина со весели цветови.
Какво друго име може да има цветот којшто поднесува и суша и жешко време, доколку не е пркос.
Пркосот ова име го добил затоа што им одолева на неповолните услови за живот, а цвета непрекинато од јуни до првите студени месеци.
Колку помалку го негувате толку е поубаво и порасцветано. Може да цвета во саксии на тераса, во градина.
Поволно време за садење пркос од семки или садници е март и април. Ова цвеќе може да се одгледува и во саксии, но и во вашата градина.
Единствено што е неопходно е да му обезбедите добра дренажа. Доколку го садите во саксија на самото дно ставете му мала количина песок. Полевајте го ретко, евентуално во текот на летото.
Ова растение самото се размножува. Во градината кога ќе падне семето кое може да ги преживее зимските услови, пркосот ќе порасне и наредната година, само малку подоцна, во текот на месец мај. Доколку некој сака да го искорени ова растение настанува мал проблем затоа што потребни се неколку години за да се искорени до крај.
Не постои личност на која одгледувањето на ова растение не му успеало. Неговите цветови се отвораат со првите зраци на сонцето, а се собираат кога ќе падне мракот.
Цветовите се еднобојни или шарени во разни бои: бели, жолти, портокалови, розови, црвени, виолетови…