Цела Југославија плаче на оваа песна на Здравко Чолиќ! Додека вие ги пеете овие стихови, немате поим каква приказна се крие зад нив! (фото)

Големиот хит „Ona spava – Таа спие“ Здравко Чолиќ и’ го посвети на Милица Костиќ, која почина пред 47 години.

Таа починала откако во 1974 година паднала од 11-тиот кат на кулата Рубин во Крушевац, бидејќи сакала да се спаси од силување.

Милица била ученичка во средното медицинско училиште во Крушевац, која била многу чесна. Непознато момче ја измамил да ја однесе во стан, за наводно да и’ се јави на неговата девојка. Тој млад човек бил еден од петте насилници и заедно со нив сакале групно да ја силуваат.

Тој и’ кажал на Милица кои се неговите намери и и’ рекол да се соблече, а таа одбила и му рекла да ја пушти. Младиот човек бил упорен и се обидувал да ја соблече, додека Костиќ плачела и го молела да ја пушти да излезе од собата.

Еден од насилниците им рекол на другите сепак да ја пуштат да си оди, со неговиот следниов коментар:

-Невина е, нема да ја допрам – рекло момчето.

За жал, Милица не ја пуштиле. Девојката на секој можен начин се обидувала да ги спречи да ја силуваат. Плачела и ги молела, но не вредело. Бидејќи сакала да си ја спаси честа, решила да побегне. Кога останала сама во собата, скокнала низ прозорецот од 11-ти кат.

Таа била тешко повредена и била пренесена во болница. Инспекторот Добривоје Стефановиќ разговарал со Милица која била во тешка состојба. Еве како течел нивниот разговор:

„Ја прашав: „Каде беше?

Милица одговори: „Бев на училиште, со другарите…“ Дента требаше да имаме писмена работа. Потоа повторно се разбудила и рекла: „Отидов со едно момче на единаесетти кат за да ја повикам неговата девојка“.

Ја прашав: „А зошто отиде?

Таа рече: „Тоа момче ми кажа дека девојката има строги родители и ме замоли да ја викнам неговата девојка аи да се претставам како нејзина другарка“. Потоа повторно заспа. Неколку минути подоцна Милица се разбуди и рече: „Бевме на единаесетти кат“.

Ја прашав: „Сама скокна или некој те турна?“

Таа рече: „Самата скокнав низ прозорецот“.

Здравко Чолиќ, Милица Костиќ

Прашав: „Зошто?“

Таа рече: „Не можев повеќе да издржам… Само така можев да си ја спасам честа“.

После тоа, Милица паднала во длабока кома, од која за жал не се разбудила.