Целер за подобар имунитет

Целерот го зајакнува имунолошкиот систем, правејќи го организмот отпорен на болести. Коренот од целерот помага при анемија, го намалува прогресот на онколошките заболувања, помага кај бубрежни и срцеви заболувања.

Целерот е идеален за оние кои имаат брз начин на живот и не внимаваат на здравата исхрана, а помага и за намалување на телесната тежина.

Неговата лековитост доаѓа до израз при разни хормонски дисфункции (нарушувања предизвикани од менопауза, неплодност, алергии), како и во борбата против дијабетес, ревматизам и артритис. Целерот е вистински борец за имунитет, содржи витамини А, Б1, Б2, Б6, Ц, Е, К, како и железо, калциум, магнезиум и цинк.