,,Целиот е во завои” – Дарко Лазиќ покажа како изгледа неговиот стомак по операција (ФОТО)

Пејачот Дарко Лазиќ неодамна беше опериран, а процедурата што мораше да се направи е отстранување на вишокот кожа, како што рече.

Иако закрепнувањето беше комплицирано, бидејќи имаше крварење па мораше да се врати во болница, сега се огласи на социјалната мрежа Инстаграм каде покажа како изгледа неговиот стомак.

Како што можете да видите на фотографијата, пејачот е целиот завиен во завои, а секое негово движење е болно.

– Уште малку и се надевам дека е готово – напиша Дарко во описот на фотографијата.