ЦЕЛИОТ СВЕТ Е НА НОЗЕ ПОРАДИ МАСАКАРОТ ВО ХАРКОВ – Гувернерот на регионот откри нова ужасна вест по рускиот напад
Гувернерот на украинскиот регион Харков, Олег Синегубов, соопшти дека 6-годишно момче е меѓу загинатите во масакрот што денеска го погоди градот, кога руска ракета погоди продавница за храна.
Како што јави BBC, меѓу повредените има и 6-годишно девојче.
Да потсетиме, украинскиот претседател Володимир Зеленски објави дека во руски напад на село во близина на Харков загинале 48 лица. Тој се огласи преку својот профил на социјалната мрежа Телеграм, бидејќи моментално не е во Украина поради патување.
Володимир Зеленски го нарече овој напад брутално руско злосторство.