Целиот свет зборува за 15-то дете на Илон Маск: Наводната мајка се огласи: „Време е да се зборува“ (фото)
Познатата јапонска пејачка Ајуми Хамасаки проговори за гласините дека има дете со милијардерот Илон Маск. Овие шпекулации се појавија откако авторката Ешли Сент Клер, инаку мајка на 14-тото дете на Илон Маск, изјави дека Маск наводно има дете со позната јапонска ѕвезда. Обожавателите веднаш почнаа да шпекулираат дека станува збор за Ајуми Хамасаки.
– Следам сè што се случува и мислам дека е време да се огласам. Илон Маск не е татко на ниту едно од моите деца – напиша Ајуми во приказна на Инстаграм, пренесува Tokyo Weekender.
Хамасаки има два сина, со двајца различни мажи, но никогаш јавно не го открила идентитетот на нивните татковци.
„И мајка ми се насмеа кога ја слушна таа приказна“
Пејачката се пошегува за гласините, признавајќи дека самата помисла на тоа е речиси во склад со нејзиниот дух.
– Дури и мајка ми се насмеа кога ги слушна гласините и рече: „Ова навистина звучи како нешто што би го направила ти“. Но, тоа едноставно не е вистина – објасни Ајуми.
Таа исто така додаде дека, иако шпекулациите за нејзиниот приватен живот не ѝ се непознати, постои нешто многу поважно од нејзиниот имиџ – нејзините деца.
– Кога моите синови ќе пораснат и ќе почнат да бараат информации за мене на интернет, не сакам да наидуваат на вакви гласини и да мислат дека се вистинити. Затоа решително ги демантирам тука и сега – изјави Ајуми Хамасаки, најпродаваната соло уметница во историјата на јапонската музика, со продадени повеќе од 50 милиони албуми. Поради ова, таа беше наречена „Кралица на попот“ низ цела Азија.
Илон Маск и мистериозната Јапонка: што е напишано во пораките?
Според информациите објавени од „Волстрит џурнал“, Илон Маск разменил пораки со Ешли Сент Клер во 2023 година, во кои ѝ кажал дека ќе се сретне со „јапонски претставници“ во врска со донирање сперма на позната Јапонка.
– Се чинеше дека сето тоа го правел од алтруизам и од верувањето дека луѓе како нив треба да имаат деца – рече Ешли.
Во пораките, Маск напиша:
– Тие сакаат да бидам донатор на сперма. Без романса, ништо лично, само свршување.
Потоа ѝ открил дека се согласил да донира сперма на неименувана жена.