Целосен пресврт! Излезе нов можен мотив за масакрот во Младеновац – Урош тргна во крвав поход за да се одмазди!?
Осумкратниот убиец од Дубона, Урош Блажиќ (20) имал намера да го започне својот крвав поход во центарот на селото Мало Орашје, но на кобната ноќ таму не нашол никого. На враќање помина покрај група млади луѓе кои биле на пикник, па нив ги ставил на мета.
Иако поминаа четири дена од масовното убиство во селата кај Смедерево и Младеновац, сè уште се склопува мозаикот од крвавиот поход на убиецот од Дубона.
Според неофицијални информации, Блажиќ вооружен со автоматска пушка, пиштол и рачна бомба и најпрво со својот „Мерцедес“ од Дубона се упатил кон соседното Мало Орашје. Возел до центарот на ова село каде се собираат мештаните. На пат до таму, тој поминал покрај група млади луѓе, кои правеле пикник кај споменикот во Равни Гај, на околу километар или два од селото.
Кога пристигнал во центарот на Мали Орашје, таму не нашол никој. Да имало луѓе тука, можно е страшното сценарио да имало поинаковбтек. Свртел со автомобилот и се упатил назад кон Дубона. Тој застанал до насобраните деца кај споменикот, излегол од возилото, им наредил да легнат на земја и отворил оган кон нив. Потоа влегол во автомобил и продолжил кон Дубона. Таму најпрвин со пиштол пукал кон неколку постари мажи кои ја поправале оградата. Потоа со автомобил се упатил кон училишниот двор каде што убил млад полицаец и неговата сестра и уште едно момче и пукал по случаен избор низ дворот. Мештаните слушнале два рафала, еден подолг, а другиот малку пократок.
Откако убил осум и повредил 14 лица, тој го оставил автомобилот и во двор во Шепшин украл автомобил „рено спејс“ со кој се упатил до клучката на автопатот кај Мали Пожаревац. Таму го запрел таксистот, кој возел трудница од Смедерево. Со закана од бомба, сите тројца го продолжкле патувањето кон Уб, каде ја оставиле трудницата. Потоа таксистот го возел осомничениот до селото Вињиште кај Крагуевац, каде што и го оставкл.
Анализи за алкохол и дрога
Засега нема информации дали осомничениот бил под дејство на алкохол или дрога. Земени се примероци, се чекаат резултати. Според мештаните, Урош не бил зависник од алкохол, цигари или наркотици.
Тој беше уапсен по повеќе од осум часа по злосторството и масовната потера во која беа вклучени повеќе од 600 полицајци. Не се точни информациите дека се започнало со расправија во Дубона и наводен конфликт со млад полицаец. Таа вечер не се случи тепачка.
Убиецот сакал да им се одмазди на селаните затоа што го омаловажувале него и неговото семејство. Тоа е мотивот кој сега се издвојува како најверојатен. Секако, тоа ќе го утврди истрагата.
Според изјавата на обвинителството, тој изјавил дека пукал во непознати лица затоа што сакал да го исплаши населението од овие села.
Автоматската пушка со која Урош Блажиќ го извршил делото сè уште не е пронајдена. За време на бегството, тој ја фрлил пушката некаде во поширокото подрачје на селото Дубона. Потрагата по оружје продолжува. Пиштолот е пронајден.
Урош Блажиќ ја изнесе својата одбрана во обвинителството во Смедерево, а по службена должност доби aдвокат, по што му е одредена мерка притвор до 30 дена.