“ЦЕЛТА НА НАПАДОТ Е ПОСТИГНАТА!“ – Русија погоди неколку стратешки важни локации на украинската Армија: “Сите одредени цели се погодени“

Во текот на ноќта руската Aрмија извршила напад со прецизно оружје врз воздушните бази на украинската Армија во регионите Хмелницки и Ровињ, соопшти Министерството за одбрана на Русија, пренесуваат странските медиуми.

Вооружените сили на Руската Федерација вечерва извршија групен напад со прецизно оружје со долг дострел, воздух и море, врз воздухопловните бази на вооружените сили на Украина во областите Староконстантинов, областа Хмелницкиска и Дубно како и Ровињска“, изјавил на брифинг портпаролот на Министерството за одбрана на Русија, Игор Конашенков.

Целта на нападот е постигната. Сите одредени цели се погодени“, нагласил портпаролот.

Покрај тоа, погодени се и хангари со воздухопловна опрема на украинската Армија на аеродромот во областа на Запорожје.