Цел Балкан ја знае како Емина Јаховиќ, но тоа не ѝ е вистинското име! Еве што ѝ пишува на личната карта (фото)

Популарната пејачка Емина Јаховиќ сите ја знаат по убавиот изглед и уште поубавиот глас.

Нејзините хитови останаа актуелни и откако го напушти Балканот, а сега се објавени информации кои ќе изненадат многумина.

Имено, таа на почетокот на кариерата решила во јавноста да се претстави како Емина, притоа криејќи го своето вистинско име од јавноста.

Емина се вика Емилија Јаховиќ, а на нејзината лична карта пишува Емилија Емина Јаховиќ.

Да потсетиме, пејачката отсекогаш сакала да биде позната, па за време на средното училиште хонорарно работела во ТВ Нови Пазар каде ја презентирала временската прогноза.