Цел живот на таванот криел Библија стара 300 години! Кога им кажал на семејството, не можеле да поверуваат – книгата е бесценета

Дедо му открил на своето семејство дека цело време на неговото поткровје била скриена Библија стара со векови.

Внуката Кејти објави видео на кое се гледа како нејзиното семејство прелистува огромна, стара книга, коментирајќи колку внимателно се изработени текстот и илустрациите.

@sweatshirtgorly im signing it w my insta username 🫶🏻 #fyp #scared #grandpa ♬ original sound – Moses Murisho

На видеото се гледа и како дедото ја прелистува Библијата , ги врти страниците и ги чита.

 „ Дедо чекаше да има 88 години за да ни каже дека имаме Библија стара 300 години на таванот “, напиша Кејти во описот на видеото.

Видеото стана вирално откако беше објавено и досега собра повеќе од 18,7 милиони прегледи, 3,9 милиони лајкови и илјадници коментари од следбеници.

Едно лице напиша: “Здраво, јас сум библиотекар. Не го давајте никому, на ниту една институција, не го продавајте без стручна проценка. Јас сум неверојатно возбуден поради ова богатство, ох мој!”

Друго лице коментираше: „Дали е навистина толку стар? Најстариот датум наведен е 1844 година. Повеќе личи на 1840-тите отколку на 1720-тите“.

 

Кејти понатаму објаснила дека не очекувала видеото да привлече толкаво внимание. Открила и дека Библијата е напишана на германски јазик.