Цел свет го исмејува Пике поради ова видео: Поранешниот фудбалер имаше невиден пех, многумина мислат дека го стигна казната за изневерувањето на Шакира! (ВИДЕО)
Жерар Пике минатата година се прости од фудбалот, но повеќе се пишуваше за тоа дека тој и’ бил неверен на својата долгогодишна партнерка, пејачката Шакира.
Екс-фудбалерот претходно го основаше фудбалското натпреварување Кингс Лига, а кога деновиве го презентираше концептот, падна од бината додека одеше кон навивач кој го држеше дресот.Сето тоа се случи брзо, падна во дупка во близина на сцена која беше повеќе од два метри. Тоа беше повеќе од доволно за да го исмеваат на социјалните мрежи и да кажат дека кармата го стигнала.
Обожавателите на Шакира не му простија што ја изневерил со Клара Чиа Марти со која моментално е во врска.
Потсетуваме, Шакира и Пике раскинаа минатата година, откако Шакира се врати од патување и сфати дека некој јаде џем од фрижидерот, што на никој освен неа не му се допадѓал. Веднаш помислила дека ја изневерува, а по раскинувањето почнаа јавно да се караат.
Таа ја посвети песната „Bzrp Music Sessions, Vol. 53′, што стана светски хит. После тоа, таа го прозва својот поранешен свекор во песната „Еl Jefe“.
Пике и Шакира никогаш не се венчале, а во врската ги добија двете деца, синовите Милан и Саша.