Цел свет им се смее на Хари и Меган: Луѓето не знаат која е нивнатта професија (ФОТО)

Принцот Хари, војводата од Сасекс, пред неколку дена го гледаше фудбалскиот натпревар на Интер од Мајами и Лос Анџелес, а иако името на неговата сопруга беше на списокот на гости, Меган Маркл, војвотката од Сасекс, не беше со него.

И покрај ова, Хари беше во добро расположение додека ги гледаше фудбалските подвизи на Лионел Меси. Освен синот на кралот Чарлс Трети, натпреварот го следеа и бројни ѕвезди, а потоа на социјалните мрежи се појави списокот на гости и сите забележаа нешто многу интересно за професиите на Хари и Меган.

Додека познатите личности како Леонардо ди Каприо, Вил Ферел, Том Холанд, Селена Гомез и Леброн Џејмс имаат титули како „актер“, „актерка“, „пејачка“ и „НБА-ѕвезда“ прикачени до нивните имиња, Хари и Меган ги имаат само нивните први имиња – без никакво занимање.

Дел од јавноста брзо ги нападна Хари и Меган затоа што немаат занимање, а друг дел ги брани и тврди дека се толку познати што дури и не им треба класична титула.

„И Селена Гомез е позната како нив, па се наведува што работи“, „Тие се само невработени измамници“, „Немаат што да работат“, се само дел од коментарите.

Хари и Меган ги напуштија позициите како високи членови на британското кралско семејство во 2020 година. Иако ја отворија фондацијата, последните три години беа во медиумите најмногу поради нивните поплаки за лошиот третман што го доживеаја од кралското семејство и британската јавност.

Така, Хари ги објави мемоарите „Reserve“ во кои детално опишува што се случувало последниве години, со Нетфликс ја снимија серијата „Меган и Хари“, а интервјуто кое и’ го дадоа на Опра Винфри предизвика огромно внимание.