Цел свет погрешно му се обраќа на Килијан Мбапе: Французинот конечно откри како се изговара презимето! (ВИДЕО)
Килијан Ембапе или Килијан Мбапе? Ова е мистеријата на спортските новинари, коментатори и љубители на фудбалот откако новата ѕвезда на светскиот фудбал зачекори на големата сцена од периодот кога како тинејџер блескаше во дресот на Монако.
Подоцна Ембапе го собори рекордот по вредност на трансферот кога беше платен од ПСЖ за 180 милиони евра, што тогаш беше светски рекорд, стана еден од најдобрите голгетери во светот, а потоа и светски шампион со Франција.
Сепак, иако на големата сцена е веќе осум години, многумина до ден денес погрешно го изговараат неговото име.
Мистеријата ја разреши самиот Ембапе, кој откри дека Мбапе не е правилно туку Ембапе.
Кога новинар на една француска телевизија го праша за време на интервју дали неговото име се изговара Мбапе, тој одговори дека тоа не е точно.
– Ќе имам многу работа да ги исправам сите. Тоа е всушност Килијан Ембапе, без апострофот – изјави капитенот на француската репрезентација, Килијан Ембапе.
Инаку, тој летово по шест години ќе си замине од ПСЖ и ќе се пресели во Реал Мадрид, каде ќе ја добива највисоката плата во историјата на Кралскиот клуб, но и огромна сума пари само за потпис поради трансфер без отштета. .