„Цената мора да се плати!“ Хамас најави дека само под овој услов ќе ги ослободи израелските заложници (ВИДЕО)
Военото крило на Хамас соопшти дека е подготвено да ги ослободи заложниците киднапирани во нападите на израелска територија во замена за ослободување на сите палестински затвореници во израелските затвори.
– Цената што мора да се плати за големиот број непријателски заложници во наши раце е да ги испразниме затворите со сите палестински затвореници – се наведува во видео изјавата на портпаролот на Хамас, Абу Обеида, објавена на ТВ каналот Хамас Ал Акса, пренесе агенцијата Франс прес.
Се верува дека Хамас и други палестински организации држат околу 230 заложници земени за време на нападите на 7 октомври, во кои загинаа повеќе од 1.400 луѓе, главно цивили, Израелци и луѓе со двојно државјанство, вклучувајќи жени, деца и постари лица, објавија израелските медиуми.
Според претходните извештаи, во израелските затвори има околу 6.000 Палестинци.
Хамас досега ослободи две Американки, мајка и ќерка и две Израелки.