Цените на нафтата продолжуваат да растат

Регулаторната комисија за енергетика, водоснабдување и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија донесе одлука со која ги зголеми малопродажните цени на нафтените производи за просечно 2,00% во споредба со одлуката од 20.06.2025 година.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС – 95 и ЕУРОСУПЕР БС – 98 се зголемуваат за 1,50 ден/литар. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (ДЕВ) се зголемува за 1,00 ден/литар. Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за 2,00 ден/литар.

Од 24.06.2025 во 00:01 часот максималните цени на нафтените производи ќе бидат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 77,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 79,50 (денари/литар)
Моторен дизел ЕУРОДИЗЕЛ БС (D-Е V) 73,00 (денари/литар)
Екстра лесно 1 (EL -1) масло за греење 72,00 (денари/литар)
Мазут М-1 СУ 41,687 (денари/килограм).