Цените на храната, Јовевски: Се чувствува инфлација и беспарица

Над 2.600 прехранбени производи ќе се најдат на списокот на Министерството за економија, чии цени се очекува да бидат намалени по донесувањето на законот за нелојална трговија. Со законските измени се предлага да се ограничи профитната маржа за овие производи на 10%.

По укинувањето на мерката за гарантирани цени имаше многу поплаки за поскапувања, но Комисијата за заштита на конкуренцијата информира дека засега нема индиции дека има договори за договори на цените во синџирот на големите маркети.

За универзитетскиот професор недостигот на приходи ги направи граѓаните почувствителни на секое евентуално поскапување, макар и мало.

„Стандардот на работниците континуирано се намалува во последните години, особено по Ковид, каде граѓаните ја чувствуваат инфлацијата и беспарицата. Има некои индикации за стабилизација, но сепак останува во многу мала форма. Сега мерките се укинати во однос на цените и нивно определување од слободниот пазар, каде некои производи веќе бележат благ поскапување, но не кај сите производи. Минималната плата и просечната плата кај нас овозможуваат живот, а не достоинствен“, потенцира универзитетскиот професор, Лазар Јовевски.

Во меѓувреме, Државната агенција за статистика ги објави најновите податоци за цените и расходите, каде што инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во февруари 2024 година, во однос на јануари 2024 година, е зголемена за 0,4%.

Додека во споредба со претходната година во февруари 2023 година, забележан е пораст на инфлацијата од 3%, додека индексот на цените на мало бележи пораст од 2,7%.