Пожарот кај Ајватовци сеуште е активен на два крака. Во гасење на пожарот се вклучени два хеликоптери на МВР.
Останатите делови се изгаснати.
Екипи на скопската БППЗ работат на гаснење на пожарот и обиколка и проверка на изгаснатите делови од пожарот.
Пожарот се гаснеше непрекинато во текот на целата ноќ од страна на скопските пожарникари и доброволци од локалното население предводени од градоначалникот на Општина Илинден Александар Георгиевски.