Денеска се навршуваат 24 години од смртта на Жељко Ражнатовиќ Аркан. Вељко и неговата сопруга Богдана пристигнаа на Новите гробишта во 10:30 часот.
Донесоа мала корпа со цвеќиња, без која не доаѓаат на ниту една панихида, а на гробот има црвени и бели рози.
Неколку минути подоцна Цеца пристигна во сив капут со сестра и’ Лидија и ќерката Анастасија.
Цеца донесе огромен букет со бели рози и орхидеи. На комеморацијата Анастасија пристигна од Шпанија. Еден по еден се приближуваа до гробот на Аркан, се прекрстија и го бакнаа.
Споменот го отслужи епископот Ремесиски Стефан, инаку свештено лице од родот Ражнатовиќ, со согласност на свештеник од црквата Свети Сава.
Да потсетиме, денеска се навршуваат 24 години од убиството на Жељко Ражнатовиќ Аркан, кој во хотелот „Интерконтинатал“ беше убиен со три куршуми во главата.