Цеца и Дара заедно на вечера во центарот на Белград! Бубамара ѝ изјавува љубов на колешката: Бакнежи ,,летаа” на сите страни! Ја сакам! (фото)
Пејачките Светлана Цеца Ражнатовиќ (50) и Дара Бубамара (47) уживаа во центарот на српската престолнина, па целосно се опуштија во ресторан.
– Еве ме со мојата убавица, најдобра и најубава! Колку си убава – и’ рекла Дара на Цеца додека се снимале.
– Исто така – и’ одговори Цеца Ражнатовиќ.
– Добар ден! Ја шириме љубовта! Се сакаме – рече потоа Дара.
– Добар ден! Љубов и само љубов – додаде Цеца, додека Дара ја бакна во образ.
– Бринета и русокоса! – рече Светлана.
– Ја сакам, ја сакам! Ја обожавам! Ручаме, уживаме, најсилни сме, најсилни – рече Бубамара.
– Имаме лош ручек – со смеење рече Цеца.
– Цеца, те сакам! Te обожавам! Една и единствена Цеца! – рече Дара.
Бакнежите ,,летаа” на сите страни, а Дара не можеше да одолее да покаже дека продолжува со здравата исхрана, а покажа дел од вечерата и богатата трпеза.