Цеца и Теа забранија видеото од Ромскиот бал да се емитува на Јутјуб: Излегоа сите детали, еве што кажа пејачката (фото)

Светлана Цеца Ражнатовиќ и Теа Таировиќ беа најголемите ѕвезди на неодамна одржаниот „Ромски бал“ во Северна Македонија.

Но, нивното учество на овој традиционален настан на кој се собираат богати Роми од целиот свет остана во сенка поради скандал во кој главни актери беа Цеца и Теа.

Теа Таировиќ, Цеца Ражнатовиќ

Како што пишуваат српските медиуми, двете се побуниле кога дознале дека нивниот настап ќе се снима и емитува во рамките на „Свадба од милион евра“, што воопшто не им се допаднало, па направиле нивното појавување и излегување на сцена да има забрана за преноси, и на телевизија и на YouTube.

– Ситуацијата беше крајно непријатна. Цеца беше многу лута. Ова не е првпат да се случи вакво нешто. И Теа имаше исти услови како Цеца, што ги изненади сите, бидејќи никогаш не правела вакви проблеми – изјави изворот, а потоа откри и дека на Цеца за 50 минути и’ биле исплатени 50.000 евра.

– Цеца пееше 50 минути и за тоа и’ платија 50.000 евра. Тоа практично значи дека таа била платена по 1.000 евра за минута пеење. Теа пеела подолго, а нејзиниот изглед е платен 20.000 евра. Тука беа и Џогани фантастико, Мухарем Шербезовски, Сара Релиќ, како и ромските музички ѕвезди од Северна Македонија: Бернат, Таркан, Џефрина и Цита, кои добија многу помали хонорари, но не направија никакви проблеми со емитувањето на нивните настапи на емисијата „Свадба од еден милион евра“ – заклучува изворот за српските медиуми.

Инаку, како што е наведено во самата емисија, нивниот тим бил уредно поканет на „Ромскиот бал“, кој исто така е јавен настан, и дека имале проблем со Ражнатовиќ, на која овојпат и’ се придружила Таировиќ.

– Дали е таков проблем што луѓето гледаат дека Цеца и Теа настапувале на „Ромскиот бал“, кој навистина изгледал гламурозно? Зошто Цеца и Теа се разликуваат од нивните колешки кои настапија во иста вечер и немаа проблем да се снимаат на овој настан. Не заборавајте дека немавме проблем со најголемата балканска ѕвезда Лепа Брена која минатата година пееше на милионската свадба на брегот на морето, но се забавуваше со сите гости, а таа упати топли поздрави до нашите тим. Цеца и Теа не беа фер кон нас, ниту кон луѓето кои учествуваа на овој бал. Ќе бидеме објективни и ќе кажеме дека направија одлична атмосфера, особено Теа, која танцуваше и даде сè од себе гостите да уживаат – потенцираат авторите на оваа емисија во извештајот од балот.

Светлана Цеца Ражнатовиќ

– Никој од продукцијата на емисијата не побара согласност од „Цеца мјузик“ за правата за снимање на концертот. Според законот, не можат јавно да го пренесуваат концертот без добиените права – рекоа од ПР тимот на Цеци.

Во име на Теa даде изјава менаџерот Никола Бојиќ.

– Теа не добила барање од организаторите или од продукцијата јавно да ги емитува нејзините песни. За да емитуваш нечии песни, според законот треба да имаш писмена согласност, а не само да доаѓаш да ја вклучуваш камерата. Кога станува збор за снимање кое не е професионално снимање, а од кое не се профитира подоцна на платформите предвидени за тоа, тоа секако никому не му беше одбиено. Под тоа мислиме на снимање со мобилни телефони, што гостите го правеа секако без ограничувања, а Теа подоцна со задоволство, како и секогаш кога е во прашање нејзината публика, сподели на своите профили на социјалните мрежи – изјави менаџерот на Теа.