Цеца меѓу два огна! Невидена фотографија од Ражнатовиќ и нејзините колешки, една од нив веќе не е меѓу живите 

Светлана позираше заедно со колешките, а нивниот изглед го привлече вниманието на сите.

Пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ во својата долгогодишна кариера  стекна голем број пријателства на јавната сцена, а особено е блиска со своите колешки.

Сега на социјалната мрежа Инстаграм се појави слика за која ретко кој знае дека постои. 

Имено, на споменатата фотографија Цеца ја гледаме како позира заедно со своите колешки на еден настан. Во средината застана Ражнатовиќ, а  на страна Ана Николиќ и покојната Ксенија Пајчин .

Ксенија беше облечена во црн, тесен фустан со длабоко деколте, додека Николиќ имаше фустан во иста боја, но со шлиц. Од друга страна Цеца облече бел фустан, а целиот изглед го заокружи со раскошна огрлица и обетки. 

Освен тоа, она што на сите им паднало во очи е тоа што пејачките се нашминкале минимално, па нивната природна убавина била во преден план.