ОБСЕ во изминатите две години, според Цимбаљук, покажа дека е најкорисно, кога ги игнорира уцените од Русија, и кога со неа се зборува од позиција на обединетост и морално право, порача денеска на Министерскиот совет на Организацијата во Скопје, украинскиот амбасадор во ОБСЕ, Евгениј Цимбаљук.
“Во спротивно Русија ќе бара, уште и уште отстапки. Јасно е дека не можеме да ја градиме иднината на ОБСЕ, со земја која ја киднапира нашата иднина и нашите деца”, рече Цимбаљук.
Тој изрази благодарност до сите земји за поддршката на Украина во борбата за слобода против Русија, со кое, како што рече, придонесуваат и за одбрана на иднината на ОБСЕ.
Цимбаљук истакна дека Русија досега има уништено стотици илјадници тони житарки, со што, како што нагласи, остави многу семејства низ целиот свет без храна.
“На светот му треба вакцина против обидите за користење на храната како оружје”, нагласи рускиот амбасадор во ОБСЕ.
Во десетата година од анексијата на Крим, во 2024 година, според Цимбаљук, ОБСЕ како никогаш досега има потреба од силно лидерство од одбрана на принципите на Организацијата, со дополнителна изолација на Русија.