Црвена река течеше низ улиците: Погледнете што се крие зад поплавата каква што светот досега не ја видел (ФОТО/ВИДЕО)

Португалската винарија „Левира“ им се извини на жителите на градот Сао Лоренцо де Баиро за реката вино што течеше низ нејзините тесни и стрмни улички.

Американскиот NBC News го пренесува пишувањето на португалскиот весник Jornal Diario de Aveiro дека овој порој алкохол е снимен во неделата во форма на река црвено вино.

Се наведува дека нема повредени, но од винаријата соопштија дека виното навистина го поплавило подрумот на една од куќите.

Португалскиот весник наведува дека пожарникарите морале да интервенираат и го пренасочиле текот на винскиот порој кон локалната река и околните ниви.

Од винарската визба соопштија дека до инцидентот дошло кога пукнале два резервоари во кои се чувало вино, кои се преполниле поради вишокот на вино на европскиот пазар и одлуката на португалската влада да не испорачува нови количини од таа земја.

Весникот наведува дека низ улиците биле излеани околу 2,2 милиони литри вино, а на винаријата и’ било кажано дека ќе плати за чистење на градот и сите потребни поправки и штети.