Црвена, црна или бела: Бојата на долниот веш открива многу за карактерот на жената

Долната облека е како женско тајно оружје, со кое никој не се фали како со скап часовник или нова чанта, но влијае и на тоа како ќе се чувствува жената, пишува порталот ,,Wow”.

Изборот на долна облека кажува многу за личноста.

ЦРВЕНА

Се вели дека црвена долна облека носат сексуално самоуверени жени кои се свесни за сопствената привлечност. Црвената боја симболизира моќ, самодоверба, страст и енергија, а подеднакво имплицира топлина и сензибилитет, што на жената и’ дава уште поголема сексипилност.

ЦРНА

Црната долна облека е омилена на многу жени бидејќи е сексуално привлечна и мистериозна. Претставува доверба, зрелост и класика.

БЕЛА СО ЧИПКИ

Белата долна облека од чипка подразбира невиност и чистота. Мажите сакаат бела долна облека кај жените бидејќи е сензуална и секси, а не наметлива. Тоа укажува и на женственост.

Халтерес: Тие се сензуален винтиџ гламур и играат на картата на силната женственост, а можат да направат жената да изгледа како вистинска заводничка.