Црвено-црните навивачи да бидат спремни – убавата хрватска навивачка Ивана Кнол ќе биде на мечот Хрватска – Албанија

„Најсексапилната фудбалска навивачка“ која воодушеви милиони луѓе за време на Светското првенство во Катар 2022 година, ќе се врати на трибините за Евро 2024, токму на натпреварот помеѓу Хрватска и Албанија.

Поранешната мис на Хрватска, Ивана Кнол, предизвика лудило откако сподели фотографии на кои го бодри тимот на својата земја.

Откако го привлече вниманието на фудбалскиот свет со своите комбинации на тема Хрватска, 31-годишната манекенка ја понесе титулата „најсекси навивачка“.

Таа потврди дека ќе патува на Евро 2024 за да им приреди на гледачите уште едно шоу, потврдувајќи го тоа на Инстаграм.

„Да, ќе одам на еврото. Се гледаме сите на натпреварот“.

Таа се појави и за Билд, каде потврди дека обезбедила билети за трите натпревари на Хрватска во групната фаза, вклучувајќи го и оној против Албанија.

„Имам билети за сите три натпревари од групата на Хрватска. И ако напредуваат, и јас ќе бидам таму!“

Натпреварот меѓу Хрватска и Албанија се игра во Берлин на 19 јуни, каде и албанските навивачи ќе имаат можност одблиску да ја видат Ивана Кнолин.