ЦРВЕН АЛАРМ ВО НАТО – Полјаците тврдат дека белоруски хеликоптери ја ‘нападнале’ нивната територија, итно испраќаат нови војници на границата: “Прелетаа над куќите!“
Министерството за одбрана на Полска во вторник соопшти дека два белоруски хеликоптери влегле во полскиот воздушен простор за време на вежби во близина на белоруско-полската граница, пишува Sky News, а Белорусија претходно ја информирала Полска дека ќе спроведе воени вежби.
„Граничниот премин се случи во близина на градот Бјаловиеза на многу мала надморска височина, што го отежна откривањето на хеликоптерите од радарите. Мештаните изјавија дека виделе два хеликоптери како летаат во близина на селото Грудки, кое се наоѓа на неколку стотини метри од Бјаловје“, се вели во соопштението на Министерството за одбрана на Полска.
„Летаа над куќите, на височина од околу 200 до 300 метри, рекоа некои, додека други сведоци велат дека во еден момент хеликоптерите прелетале само неколку десетици метри над земјата“, се нагласува во соопштението, пренесуваат странските медиуми.
Реакцијата од официјална Варшава на овој инцидент била брза – Министерството за одбрана на Полска соопшти дека испраќаат нови војници на границата, откако минатата недела пристигнаа околу 1.000 дополнителни војници поради обуката на белоруските војници од припадници на озогласената воена група Вагнер, предводена од Евгениј Пригожин.