‘ЦРВЕН’ АЛАРМ – САД со итно предупредување до своите граѓани веднаш да ја напуштат Русија! Загриженоста се поголема поради апсењето на новинарот на WSJ

Стејт департментoт издаде итно предупредување до своите граѓани да не патуваат во Русија.

Во соопштението се наведува и дека на сите граѓани на Соединетите Американски Држави (САД) во Русија им се препорачува што поскоро да ја напуштат таа земја.

Државниот секретар Ентони Блинкен како причина ја наведе загриженоста за безбедноста на граѓаните поради денешното апсење на американски новинар во Русија.

За потсетување, новинарот на Wall Street Journal, Еван Гершкович, е уапсен во Русија под сомнение за шпионажа, објави денес Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ).

ФСБ го уапси дописникот Гершкович во Екатеринбург под сомнение за шпионажа и му се закануваат 20 години затвор.