Црви паѓаа од небото!? Погледнете како изгледаат улиците по невремето (ВИДЕО)

На жителите на кинеската провинција Лиаонинг им било кажано да се засолнат откако почнал да паѓа дожд од црви.

На видеото јасно се гледа дека автомобилите и улицата се покриени со необични тела налик на црви. Официјалната причина сè уште не е откриена, но научното списание Mother Nature Network вели дека црвите почнале да паѓаат откако биле зафатени од силните ветрови. Тие исто така забележуваат дека таквите работи се вообичаени по бурите, кога црвите се заглавуваат во вител, пишува New York Post.

Друга теорија вели дека станува збор за популарниот цвет од дрво од лале чии плодови наликуваат на црви.

„Тоа се цветни стебла, а не црви“, рече корисник на Твитер.

Мислењата на луѓето се поделени, некои се убедени дека тоа е ретка појава, а други велат дека видеото изгледа лажно и дека е измама.

Погледнете го видеото подолу.