Црна Гора: Приведен претседателот на општина Будва

Претседателот на црногорската општина Будва, Мило Божовиќ е приведен во полициска акција што денеска се спроведува во повеќе црногорски градови.

По наредба на Специјалното државно обвинителство (СДТ), Божовиќ е уапсен во неговата семејна куќа во центарот на Будва.

Според сознанијата на Вијести, апсењата почнале утрово во 4 часот во Будва, Цетиње и Подгорица.

„Согласно наредба на Специјалното државно обвинителство, со поддршка и асистенција на Агенцијата за соработка и спроведување на законот на Европската Унија – ЕВРОПОЛ, Специјалниот полициски оддел, со логистичка и оперативна помош на Антитерористичката единица на полицијата, презема мерки и дејствија во рамки на истраги во два кривични предмети. Јавноста ќе биде навремено информирана за евентуалното лишување од слобода на одредени лица и за резултатите од мерките и дејствијата кои се во тек“, изјави државниот обвинител и портпарол Вукас Радоњиќ.

Од кабинетот на претседателот на општина Будва соопштија дека Божовиќ не е уапсен, туку дека Обвинителството го повикало на сослушување.