Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, соопштува дека добил известување дека Црна Гора ќе прифаќа пасоши со името Република Македонија, но само доколку се валидни.
„Мислам дека МВР не треба да го земе ова за алиби или да најде какво било решение што ќе ги укине апликациите. Да се фокусираме на организирање подобар систем, помалку политика, на подобра организација со цел да се зголеми бројот на издадени пасоши“, рече Османи.
Тој рече дека МНР сега само помогнало во обезбедувањето патни исправи на дипломатско-конзуларните претставништва, за што се испратени дополнителни дипломати, се работи во два круга и за време на викендот.