ЦРНА ПРОГНОЗА НА ‘СУЛТАНОТ’ ЗА ВОЈНАТА ВО УКРАИНА – Реџеп Таип Ердоган си ја отвори душата по средбата со Владимир Путин

Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, изјави дека нема изгледи за постигнување мир во Украина.

Ставот на Турција за актуелната војна во Украина е недвосмислен. Од првиот ден се залагавме за мир, дијалог и дипломатија. Направивме големи напори да спречиме натамошно крвопролевање. Не го влошивме проблемот и не долеавме масло на огнот. Се обидувавме да ги натераме двете страни да се сретнат. За жал, војната која трае една и пол година се уште трае. Нема изгледи за постигнување мир“, изјавил Реџеп Таип Ердоган.

Претседателот на Турција ова го изјавил на новинарите во авионот по враќањето од Сочи, каде што се сретна со претседателот на Русија, Владимир Путин. Тој, исто така, додал дека Турција ќе продолжи да се обидува да придонесе во процесот на размена на затвореници меѓу Русија и Украина.

Ќе продолжиме да ја играме улогата на посредник во прашања како што се размената на затвореници и ситуацијата со нуклеарната централа Запорожје. Се надеваме дека оваа војна, која им штети на нашите соседи и на целиот наш регион, ќе заврши што е можно поскоро со постигнување праведен и траен мир заснован на меѓународното право“, нагласил претседателот на Турција.

Реџеп Таип Ердоган нагласил и дека – „во војна нема победници, а во мирот нема губитници“.

ДОГОВОР ЗА ХРАНА – ЦРНО МОРЕ

Обновувањето на црноморската иницијатива за извоз на жито е приоритетна задача за целиот свет. Ние сме во близок контакт со ОН за ова прашање. Како што знаете, Генералното собрание на ОН ќе се одржи овој месец. Ќе имаме средби со г-дин. Антонио Гутереш на кои ќе разговараме и за овие прашања. Ги цениме и поддржуваме напорите на Антонио Гутереш“, рекол Реџеп Таип Ердоган.

Претседателот на Турција додал дека ОН предложиле посреднички механизам за плаќање на руската храна и дека работат на прашањето за осигурување на руските бродови.

Реџеп Таип Ердоган. посочил и дека Запад и се заблагодарува на Турција што посредува по прашањето за договорот за храна, но дека има поинаков став за прашањето за SWIFT и осигурувањето на руските бродови.

За потсетување, претседателите на Русија и Турција, Владимир Путин и Реџеп Таип Ердоган, се сретнаа во Сочи на 4. септември.