ЦУК: Голем пожар во атарот на с. Дебрешта, ќе интервенираат трите Ер Трактори на ДЗС

 Центарот за управување на кризи информира дека избил голем пожар во атарот на селото Дебрешта која се наоѓа во општината Долнени и дека упатени се трите Ер Трактори на Дирекцијата за заштита и спасување за интервенција.

– Во атарот на с. Дебрешта, општина Долнени, изби поголем пожар во нискостеблеста деградирана шума. За да се превенира негово ширење трите Ер Трактори на ДЗС се упатени да интервенираат, информираат од ЦУК.