ЦУК: Се санираат штетите од лошото време во Тетово и Скопје

Во скопскиот и тетовскиот регион се санираат штетите предизвикани од вчерашниот дожд пропратен со ветер, дожд и град. Пријавени се штети на куќи, подруми, гаражи, патишта, паднати дрвја, оштетени автомобили, фасади.

Центарот за управување со кризи утрово информира дека во регионот на Тетово има 22 пожарникари со 15 пумпи и сите машини на терен. Сите поплавени подруми, гаражи, куќи, помошни згради и други поплавени подрачја се чистат етапно.

Патиштата во овој регион се проодни, но на одредени места на коловозот има поплави од кал, песок, камења и друг материјал, кои ја намалуваат брзината и го отежнуваат сообраќајот.

Состојбата со струјата полека се разрешува, додека во ЦУК пристигнаа информации дека најголемиот дел од населението има струја.

Поради невремето половина град Тетово остана без струја. Информациите од ЕВН Македонија се дека се проверува мрежата и доколку се е во ред, струјата ќе се испушта дел по дел.

Планинските села и 60 отсто од Тетово имаат струја, а останатите постепено ќе се вклучуваат во следните часови.