Чави со мала измена во стартната „Ел Класико“ постава, Анчелоти со истите 11 од мечот со Ливерпул

Големото „Ел Класико“ дерби на „Камп Ноу“ се игра вечерва во 21:00 часот, а непосредно пред стартот пристигна информацијата за двете стартни постави за кои се одлучија тренерите.

Чави Ернандес како домашен тренер имаше потешка задача да ја одреди стартната постава, бидејќи на крајот остана без Педри кој не успеа да се опорави навреме за важниот меч.

Во негово отсуство, Чави реши да жртвува еден играч од нападот во стартната постава, па така изелзе со формација со четири играчи за врска во средниот ред.

Серхи Роберто е играчот кој ќе игра на местото на Педри во средниот ред, додека жртвуван е Феран Торес кој натпреварот ќе го почне од клупата за резерви. Покрај Роберто, во средниот ред се уште Бускетс, Гави и Де Јонг, а во нападот се Рафиња и Левандовски. На голот е Тер Штеген, а во одбраната Кристенсен ќе игра на местото на Алонсо, заедно со Балде, Араухо и Кунде.

На спротивната страна, Карло Анчелоти не експериментира и се одлучи за истите 11 кои беа феноменални против Ливерпул, по што станува јасно дека Камавинга веќе е сигурен стартер во почетните 11 на Реал.

Стартните 11 на Карло се Куртоа, Карвахал, Милитао, Ридигер, Начо, Модриќ, Крос, Камавинга, Валверде, Винисиус и Бензема.