Министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу, на состанокот во Москва ја истакна потребата од соработка во борбата против тероризмот, заедничката работа на воспоставување основа за враќање на Сиријците и започнување на политичкиот процес.
Во Москва е во тек четирилатерална средба за Сирија на шефовите на дипломатиите на Турција, Русија, Иран и Асадовиот режим во Сирија.
„Ја истакнавме потребата од соработка во борбата против тероризмот, обезбедување на инфраструктурата за враќање на Сиријците, започнување политички процес во Сирија и заштита на територијалниот интегритет на Сирија“, објави Чавушоглу на Твитер, пренесе ТРТ БАЛКАН.
Минатиот декември министрите за одбрана и шефовите на разузнавањето на Турција, Русија и сирискиот режим се состанаа во Москва и се договорија да продолжат со трипартитните состаноци за да се обезбеди стабилност во Сирија и поширокиот регион.
Иран, исто така, беше вклучен во разговорите, при што Турција претходно изјави дека Анкара би била „задоволна доколку Иран биде вклучен во процесот“.