ЧАРЛС И КАМИЛА СЕ СЕЛАТ ОД ОМИЛЕНАТА РЕЗИДЕНЦИЈА НА КРАЛОТ: Еве што стои зад оваа одлука, а има врска со здравјето на монархот
Кралот Чарлс (75) и Камила (76) се подготвуваат да ја напуштат Кларенс Хаус , а поради неговата здравствена состојба, работата во Бакингемската палата е забрзана за да може кралската двојка што поскоро да се всели. Така, кралот полесно и побрзо ќе ги извршува секојдневните обврски и нема да мора да патува. Доколку се оди според планот, работите би можеле да завршат до 2027 година.
Кралот Чарлс и неговата сопруга планираат да се преселат во северното крило на палатата, која се реновира десет години. Работата ја започна кралицата Елизабета Втора . Во моментов се реновираат приватни станови.
Поради забрзувањето на работата, кралот Чарлс моментално бара нови кадри. Неговата канцеларија објави оглас во кој бара луѓе задолжени за „ одржување, чистење и нега на широк спектар на ентериери и предмети “, пренесува Hello!
Во огласот исто така беше наведено дека од вработените ќе се бара да патуваат во други кралски резиденции во текот на годината до три месеци.
– Претходно искуство во домаќинство или угостителство не е потребно, но е предност . Повеќе нè интересира вашиот проактивен пристап и способност да се справите со новите предизвици – стои во описот на огласот.
Не е познато дали кралот Чарлс ќе ја задржи Кларенс Хаус како втор дом кога ќе се пресели во палатата Бакнигам со 775 соби. Инаку, омилена дестинација му е имотот во Сандригем, каде моментално поминува најголем дел од своето време.