Часовникот кој го носеше во последното интервју на многумина им падна во очи: Еве колку чини „жолтата магија“

Интересен модел кој никого не остава рамнодушен.

Новак Ѓоковиќ веќе извесно време соработува со швајцарскиот бренд за часовници Hublot.

Често на раката на Новак можеме да видиме различни модели на часовници од овој бренд, кој го спонзорира Ѓоковиќ, а соработката на Hublot му се исплатеше повеќекратно, бидејќи тие ја добија најдобрата можна реклама за Новак да крева рекорди на Грен слем со часовникот на зглобот. .

Најновиот модел, кој Новак го носеше додека разговараше со PTPA дека сака да им помогне на повеќе тенисери, особено го привлече вниманието поради впечатливата боја.

Новак за тоа интервју го избра моделот Big Bang Unico Yellow Magic.

Овој модел е произведен во само 250 примероци. Има куќиште од 42 милиметри, рамката е од жолта керамика. Преку куќиштето се гледа движењето, а впечатливи се и стрелките и бројките во жолта и црна боја.

Цената на овој модел е 28.300 долари.