Чај кој ги топи масните наслаги за 24 часа? Помага во согорувањето на мастите и го забрзува варењето

Овој природен пијалок направен со само три состојки е пофален од многумина дека помага во согорувањето на мастите и подобрување на варењето. Иако нема научни докази дека делува како „липосукција во шолја“, некои тврдат дека првите резултати можат да бидат видливи по само 24 часа.

Благодарение на комбинацијата на состојки, овој напиток може да придонесе за побрз метаболизам, подобрување на варењето и исфрлање на вишокот течности од телото.

Некои го сметаат за моќен сојузник во борбата против тврдоглавите масни наслаги на стомакот, бутовите и задникот. 

Состојки:

  • 1 лажица зелен чај
  • 1 стапче цимет
  • 4 ловорови листови
  • 800 мл вода
 

Подготовка:

Сварете ја водата, па тргнете ја од оган и додадете ги циметот, ловоровиот лист и зелениот чај. Покријте и оставете да отстои 15 минути, а потоа процедете го напитокот.

Како се користи?

Се препорачува да се консумира три пати на ден:

  • Првата чаша наутро, на празен стомак.
  • Вториот веднаш по појадокот.
  • Трета чаша пред спиење.

Иако многумина тврдат дека чувствуваат подобрување по првиот ден, важно е да го слушате вашето тело и да се консултирате со лекар пред да направите какви било промени во исхраната.