Чевли од филмот Волшебникот од Оз продадени за 28 милиони долари! Најдени по 13 години од кражбата, сега имаат нов сопственик

Црвените чевли што ги носеше Џуди Гарланд во легендарниот филм „Волшебникот од Оз“ беа пронајдени по 13 години и продадени на аукција за неверојатни 28 милиони долари.

Овие необични чевли , кои станаа симбол на филмската магија , беа украдени во 2005 година од музеј во Гранд Рапидс, Минесота, а нивното исчезнување беше мистерија со години.

За време на шарената аукција организирана од Heritage Auctions во Далас, чевлите повторно го пронајдоа својот сопственик.

Купувачот платил сума која далеку ја надминала очекуваната вредност, а самата аукција стана настан за кој долго ќе се зборува.