Чедомир Јовановиќ објасни зошто се кандидира на избори

Претседателот на српската Либерално-демократската партија Чедомир Јовановиќ рече дека оди на избори затоа што знае и верува дека има луѓе кои разбираат дека мора да биде поинаку.

Како што вели, претстојат избори, распишани затоа што ги побарал Драган Ѓилас , а Александар Вучиќ се согласил.

Изборите ги побара Ѓилас, затоа што не знаеше што да прави со уште еден протест што го уништи, а Вучиќ прифати затоа што по којзнае којпат оди на избори само со една цел – да не се смени ништо во државата“, рече Јовановиќ.

Лидерот на ЛДП одговори на прашањето зошто учествува на тие избори?

,,Одам на избори затоа што знам и верувам дека има луѓе кои разбираат дека мора да биде поинаку“, посочи Јовановиќ.

Според него, Србите се луѓе кои знаат сè особено за српската политика.