Чекала судење па се фрлила во прегратките на момчето- 3 пати имаа секс во ходникот! Обезбедувањето во шок, камерите снимија сè! (Фото)
Млад брачен пар кој дури три пати имал интимни односи во судскиот ходник, додека го чекал судењето, за тој прекршок бил казнет со општокорисна работа.
Несекојдневен инцидент се случил во Австралија, во градот Туумба, каде несекојдневен прекршок направила Шамика Џули Лидинг (19). Додека чекаше да се појави пред судијата, друштво во ходникот и’ правеше нејзиното момче Џејмс Квин (20).
Камерите снимија толпа луѓе како седат во чекалната во ходникот, а Лидинг го крева здолништето и се качува во скутот на своето момче. Потоа почнале „страсно да се бакнуваат“ и имале интимна врска. Според бизарен извештај на австралиските медиуми, „Лидинг отскокнувала горе-долу во приватната област на нејзиното момче“ додека не биле опоменати од чувар.
Но, штом тој се оддалечи, таа му се врати во скут и ја продолжија интимната врска. Повторно беа предупредени, повторно кажаа дека им е жал и дека тоа нема да се повтори, а потоа по трет пат тргнаа во „акција“. Сè се случувало пред очите на другите луѓе кои го чекале својот ред во ходникот.
Шамика и Џејмс потоа побегнале од судот, но лесно биле идентификувани со помош на снимката, што довело до повик од полицијата два дена подоцна. И двајцата се изјаснија за виновни за непримерно однесување на јавно место и рекоа дека не можат да се контролираат и дека не го планирале инцидентот однапред. Тие добија казна од по 60 часа општокорисна работа.