ЧЕКАЛ ДВЕ ГОДИНИ ДА ИЗЛЕЗЕ- Крвна одмазда во БиХ: Младиќ (26) го убил убиецот на својот брат

Во неделата вечерта, на улица во центарот на Велика Кладуша бил убиен Асмир Халилагиќ (37), кој во тој град дошол на привремен одмор, што било одобрено од управата на затворот во Зеница. Таму ја отслужувал казната за убиството што го извршил во 2021 година.

Млад човек е убиен во Велика Кладуша во северозападна Босна, а достапните информации што ги објавија локалните медиуми укажуваат дека тој бил ликвидиран како жртва на крвна одмазда, обичај кој се уште не е искорен, особено во руралните делови на таа земја. Во неделата вечерта, на улица во центарот на Велика Кладуша бил убиен Асмир Халилагиќ (37), кој во тој град дошол на привремен одмор, што било одобрено од управата на затворот во Зеница. Таму ја отслужувал казната за убиството што го изврши во 2021 година.

Се испоставило дека извршител на убиството е  Изет Граховиќ (26), чиј брат Хасан (28) Халилагиќ претходно го убил при расправија.

Изет Граховиќ, како што пренесуваат медиумите повикувајќи се на полициски извори, пукал во Халилагиќ од автомобилот и испукал неколку куршуми во него, а се упатува на тоа дека тој внимателно го испланирал убиството. Бахрудин Џелалагиќ, портпарол на полицијата на Унско-санската жупанија, за Бањалука „Независне новине“ изјави дека осомничениот за убиството мирно го чекал пристигнувањето на полициската патрола и го предал оружјето кое го користел за убиството.

Медиумите велат дека Граховиќ бил мирен и повлечен човек без досие во полиција.