Чернева: Превирањата во односите меѓу Бугарија и Северна Македонија се во интерес на Русија

Превирањата во односите меѓу Бугарија и Северна Македонија се во интерес на руските цели. Ова го изјави за „БТВ“ Весела Чернева, поранешната советничка на бугарскиот премиер Кирил Петков, пренесува Телеграфи Македонија.

„Секој таков пресврт во билатералните односи не само што го оневозможува вклучувањето на Бугарите во Уставот, туку е и во интерес на Москва“, рече Чернева.

„ЕУ ќе ги регулира односите меѓу Бугарија и Северна Македонија кога ќе почнат преговорите за членство. Северна Македонија се уште не ги започнала преговорите бидејќи имало услов Бугарите да бидат вклучени во Уставот. Оваа промена се уште не се случила, потребни се 2/3 од гласовите на Собранието на Македонија“, објасни Чернева.

Според неа, имињата на бугарските клубови во Македонија биле избрани на тој начин за да се испровоцира другата страна.

„Кога отворате клуб за да бидете мост за затоплување на односите, не го правите тоа за да ја навредите другата страна“, додаде Чернева.

Според неа, „на пример, името „Цар Борис Трети“ ги потсетува Македонците на Втората светска војна, кога имало напаѓачки трупи од Бугарија.

„Историски, секој има свој сензибилитет. Тука се поставува прашањето што прави дипломатијата, бидејќи тоа е нејзина должност, да гради мостови и да ги решава проблемите пред тие да станат физички“, рече таа.