Чеси шверцувале смртоносна дрога: Во автомобилот превезувале повеќе од 50.000 евра

Полицијата во Кикинда уапси тројца чешки државјани со 22,2 грама кристал мет и 51.800 евра

Чешките државјани З.М.(1991), М.В.(1975) и Р.П.(1993) се уапсени во синхронизирана акција на неколку полициски одделенија и царина.

Чесите се фатени на граничниот премин Хоргош 2, во автомобил Цитроен Берлинго. Внатре сокриле 22,2 грама кристал мет и 51.800 евра.

На осомничените им е одреден притвор до 48 часа, по што ќе бидат изведени во надлежното обвинителство.