Честите кошмари водат до смрт: Страшно предупредување од научниците – еве што треба да направите веднаш
Луѓето кои редовно имаат кошмари може да бидат изложени на поголем ризик од прерана смрт, предупредуваат истражувачите.
Едно истражување покажа дека возрасните кои имаат кошмари барем еднаш неделно имаат повеќе од три пати поголема веројатност да умрат пред 70-годишна возраст во споредба со оние кои ретко или никогаш немаат кошмари.
Според истражувањата, кошмарите се посилен показател за ризик од прерана смрт од пушењето, дебелината или недостатокот на физичка активност. Исто така, тие се поврзани со забрзано биолошко стареење, бидејќи го нарушуваат сонот и предизвикуваат долготраен стрес.
Истражувачите препорачуваат едноставни мерки за намалување на кошмарите, како што се избегнување на хорор филмови, воспоставување рутина пред спиење и справување со стресот. Оние кои често страдаат од кошмари би можеле да побараат стручна помош, советување или терапија, пишува The Sun.
Кошмарите не се само непријатни, туку претставуваат и сериозен здравствен проблем, па затоа нивното лекување може да помогне во забавување на процесот на стареење и намалување на предвремената смртност.