ЧЕТВОРИЦА ПИЈАНИ НАСИЛНИЦИ ГО ПРЕТЕПАЛЕ ВОЗАЧОТ НА АВТОБУС: Завршил во болница пред Нова година

Српската полицијата во Бараево вчера ги уапсила М.О., Б.Ѓ., М.О. и Ч.Ѓ. поради насилничко однесување.

Според неофицијални информации, тие го нападнале и го претепале возачот на автобусот Б.Б.(45) во Бараево кој по тепачката бил примен во болница.

Осомничените биле задржани во полиција до 48 часа, каде што ќе бидат на распит во Основното јавно обвинителство Младеновац.

Како што е познато, мажите пијани влегле во автобусот и по кратка дискусија почнале да го удираат возачот со раце и нозе. По тепањето побегнале, но набрзо биле идентификувани и уапсени, пишува Телеграф .